Русија помaгa при гаснењето на пожарите на Балканот

Русија е подготвена да помогне со авијација на европските земји при гаснењето на пожарите, изјави претставникот на руското Министерство за вонредни ситуации Јуриј Бражников.

Бражников истакна дека руски хеликоптери и авиони се испратени да помогнат во гаснењето на пожарите во Србија и во Босна и Херцеговина, како и дека Русија ги координира своите активности со надлежните служби на Европската унија.
Според него и Албанија е заинтересирана за помош од Русија, како и дека Грција е меѓу земјите на кои може да им биде укажана помош. За таа цел се користи руско-српскиот хуманитарен центар.
Претставникот на руското Министерство за вонредни ситуации истакна дека во гаснењето на пожарот во Света гора во Грција неодамна биле испратени десет противпожарни возила од руско-српскиот хуманитарен центар.