Техеран од денеска домаќин на Самитот на неврзаните

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад.

Иран од денеска е домаќин на самитот на 120 земји во развој. Околу 35 шефови на држави и влади ќе присуствуваат на самитот на Движењето на неврзаните земји, чие членство се протега од развиени гиганти како Индија до мали земји како Карибите. На списокот на гости се наоѓа и генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, кој се спротивстави на дипломатски притисок за бојкот на настанот откако иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад го повтори својот став дека Израел е „канцероген тумор“ за кој нема место на Блискиот Исток. Минатата недела американскиот Стејт департмент изјави дека Иран не „заслужи“ да биде домаќин на настанот. Самитот завршува на 31 август.