Унгарски екстремни десничари повикаа на „нулта толеранција“ против Роми

Лидерот на Јобик, Габор Вона.

Унгарската екстремно десничарската партија Јобик повика на нулта толеранција против, како што велат „криминалот и паразитизам од страна на Ромите“. Обраќајќи им се на стотици поддржувачи во Будимпешта во саботата, лидерот на Јобик Габор Вона рече секој член на големото малцинство кој не одговара на земјата треба да ја напушти. Владата го осуди митингот.
Во Унгарија живеат помеѓу 500 и 700 илјади сиромашните Роми. Тензиите меѓу Ромите и други Унгарци се зголемуви откако Унгарија се соочува со втора рецесија во последниве четири години, а невработеноста се зголемува. Ромското малцинство во Унгарија страда од чести дискриминација на пазарот на трудот.