Почина Нил Армстронг, првиот човек кој стапна на месечината

Поранешниот американски астронаут, Нил Армстронг, првиот човек кој стапна на Месечината, почина на возраст од 82 години, јавуваат американските медиуми.

Армстронг претходно овој месец беше подложен на операција на срцето.

Како командант на мисијата на Аполо 11, Армстронг стана првиот човек кој стапнал на Месечината на 20 јули, 1969 година. Неговата историска реченица „ Тоа е една мал чекор за човекот, но голем за човештвото“, ќе остане запаметена.