ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не забораваат што не направи СДСМ

Амблемите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Радмила Шеќеринска се однесува како граѓаните во државата да заборавиле што се СДСМ пропуштиле да направат и што се уништиле кога биле на власт, се вели во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на Шеќеринска.
Во врска со обвинувањата за сиромаштијата и невработеноста, од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека бројката на невработени секогаш расте кога СДСМ е на власт.
Невработеноста на почетокот на 2012-та година кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт изнесува 31,2 проценти. За разлика од ова, невработеноста во 2006-та година, кога СДСМ беше на власт изнесуваше 37,9 проценти, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ