Средба меѓу Јанукович и Путин

Украинскиот претседател Виктор Јанукович изјави денеска дека е заинтересиран за извоз на украински високо- технолошки производи во азиските земји и дека Украина сака да добие статус на набљудувач во Шангајската организација за соработка. Јанукович додаде дека Украина сака да го промени својот став за проблемот околу увозот на природниот гас од Русија. Ова Јанукович го изјави по средбата со рускиот претседател Владимир Путин при неговата посета во Русија.