Оланд:Грција ќе остане во еврозоната

Францускиот претседател Франсоа Оланд по средбата со грчкиот премиер Антонио Самарас изјави дека Грција мора да остане во еврозоната, но таа мора да „демонстрира кредибилиет“ за нејзините напори во намалувањето на буџетскиот дефицит. Самарас на заедничката прес-конференција по средбата изјави дека Грција ќе успее и ќе остане во еврозоната. Предходно Самарас се сретна и со германската канцеларка Ангела Меркел. Атина се обидува да добие продолжување на крајниот рок за исполнување на реформите кои ги бара ЕУ.