Путин: Националистите ја злоупотребуваат демократската слобода

Рускиот претседател Владимир Путин во својот говор на првиот состанок на Советот за меѓуетнички односи изјави дека националисти ја злоупотребуваат демократската слобода и дека етничката агресија мора да се стави под контрола. Ваквиот кометар на Путин доаѓа откако завчера, фудбалски националистички фанови во Москва нападнале муслимански фудбалски фанови на тим од Дагестан. Пред две години националисти нападнаа неправославни минувачи во близина на Кремљ и се судрија со полицијата. Во изминативе неколку години во Русија честопати избива меѓуетнично насилство.