Испитувања дали Јасер Арафат бил отруен

Јасер Арафат и сопругата пред заминувањето на лекување во Париз, октомври 2004.

Радиолошката лабораторија во швајцарскиот град Лозана соопшти дека ќе изврши испитувања на остатоците на поранешниот палестински лидер Јасер Арафат за да утврди дали тој бил труен со полониум. До ова дојде по барање на лидерот на Палестинскиот национален совет Махмуд Абас и откако тоа го дозволи и вдовицата на Арафат. Неодамна се појавија шпекулации дека во остатоците на Арафат имало радиоактивност. 75 годишниот Арафат почина во една воена болница во Париз.