Спречен обид за подметнување 48 милиони акцизни маркички

Ванчо Каргов, архива

Една фирма се обидела да и подметне на Царинската управа 43 милиони неоригинални акцизни маркички, соопшти денеска директорот на Управата Ванчо Каргов, додавајќи дека повеќето од нив се за тутун и тутунски производи, но и за алкохолни пијалаци. Според сознанијата, отпечатени се 115 милиони, а за нивната изработка што била три до четири пати поевтина, фирмата заработила околу 9,5 милиони денари. За случајот е поднесена соодветна пријава, но уапсени нема. „Царинската управа пронајде уште 6,5 милиони такви маркички во магацините на фирмите кои, незнаејќи веќе ги набавиле“ изјави Каргов. Со производителот на неоригиналните маркички Царинската управа имала тригодишен договор вреден 62 милиона денари, за изработка на околу 700 милиони парчиња акцизи.