Нова рунда разговори за нуклеарната програма на Иран

Официјални лица од нуклеарното надзорно тело на Обединетите Нации и Иран ќе одржат нова рунда разговори за контроверзната нуклеарна програма на Техеран. Разговорите во седиштето на Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена доаѓаат во време кога се појавуваат нови сомневања околу нуклеарната програма на Иран. Западните дипломати изјавија дека Иран има инсталирано многу повеќе машини за збогатување на ураниум во нејзиниот објект Фордоу и покрај санкциите на ОН за спречување на активностите за збогатување ураниум.
Западните дипломати, исто така, тврдат дека Иран започнал со чистење на капацитетите во областа Пархин, наводно за да ги отстранат знаците на нелегални нуклеарни активности. Засега нема коментар на ваквите обвинувања од официјален Техеран.