Армстронг: Нема да се борам против обвинувањата за допинг

Ленс Армстронг

Ленс Армстронг изјави дека веќе нема да се бори против допинг обвинувањата од страна на Американската антидопинг агенција. Со овој потег Армстронг го става на ризик своето учество во следниот "Тур де Франс". Армстронг го нарече процесот против него нефер и соопшти дека ќе се посвети на своето семејство и фондацијата против рак. Допинг обвиненијата го следеа 40-годишниот Армстронг во текот на неговата велосипедска кариера, но toj никогаш не беше позитивен на тестот за забранети супстанции.