Брејвик ќе се жали ако биде прогласен за „луд“

Андерс Бехрин Брејвик

Адвокатите на Андерс Бехрин Брејвик велат дека тој нема да се противи на одлуката ако биде осуден на затвoр, но ќе се спротистави на секоја одлука според која тој ќе биде прогласен за „луд“. Ментална состојба на Брејвик ќе биде во фокусот за време на утрешната пресуда во судот во Осло. На Брејвик му се суди за нападите во кој загинаа 77 луѓе, минатата година. Неговиот адвокат Геир Липестад рече дека неговиот клиент ќе ја прифати казната затвор, но дека ќе се жали ако биде испратен на психијатриска нега.