Словенија- во несреќа со балон загинале 4 луѓе

Најмалку четири луѓе загинале во Словенија откако се урнал балонот со топол воздух со кој тие се превезувале. Балонот носел 30 патници, плус пилотот и копилотот. Балонот наишол на бура и се обидел да слета, но се запалил. Во несреќата се повредени уште 18 патници, од кои 6 деца. Еден од повредените патници за словенечките медиуми изјавил дека балонот со голема брзина се спуштaл на земјата, патниците летале на сите страни, а потоа балонот удрил во дрво и се запалил. Истрагата е во тек.