ВМРО-ДПМНЕ му порача на СДСМ дека е време да се разбудат

Ако изјавата на премиерот Никола Груевски дека се возможни предвремени избори е глума или театар како што вели СДСМ, тогаш слободно можеме да констатираме дека СДСМ во овие 20 години присуствувале на погрешни и апстрактни престави, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение на изјавата на претседателот на СДСМ, Бранко Црвеновски. Во соопштението се наведува дека од СДСМ толку многу се навикнале на нивниот претседател и на неговата секојдневна глума, што не можат да направат разлика за тоа што е реалност а што фикција. Од ВМРО-ДПМНЕ им порачуваат на СДСМ дека е време да се разбудат.
Црвенковски претходно изјави дека ова што се случува помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ деновиве е веќе видено и оти не верува дека станува збор за искрена конфронтација.