Кралското семејство бара да не се објавуваат слики на „голиот“ принц

Британското кралско семејство ги предупреди весниците во земјата да не објавуваат слики на принцот Хари на кои е тој гол за време на одморот во Лас Вегас.
Во барањето до Комисијата за жалби на британскиот печат се наведува дека со објавувањето на такви фотографии се нарушува приватноста на принцот Хари.
Такви фотографии се појавија најпрвин на американски сајт за славни личности.
Има загриженост дека сликите се на штета и на безбедноста на принцот кој во 2008 служеше како пилот на хеликоптер во Авганистан.