Средба Меркел и Оланд за грчката должничка криза

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд се состануваат за грчката должничка криза. До оваа средба во Берлин доаѓа во пресрет на одвоените средби со грчкиот премиер Андонис Самарас, кој се надева дека кредиторите ќе му дозволат рокот за спроведувањето на реформите да биде продолжен за две години. Меркел изјави дека нема да поддржи таквото барање од Атина.
Претседателот на Еврогрупата Жан-Клод Јункер изјави во Атина дека евентуалното продолжување на рокот за изполнување на планот за буџетско штедење на Грција ќе зависи од извештајот на инспекторите.