Загинаа четворица турски војници во напад на Курдите

Турски војници

Четворица турски војници загинаа, а двајца биле повредени во напад на курдските бунтовници врз воен конвој на југоистокот на Турција. Според воени извори, конвојот бил погоден од четири последователни експлозии во градот Семдинли, во провинцијата Хакари.
Турските власти ги обвинија припадниците на Работничката партија на Курдистан дека го организирале нападот.