Самарас ги почна средбите на кои бара „простор за дишење“

Грчкиот премиер Антонис Самарас

Грчкиот премиер Антонис Самарас почна серија средби со европските лидери во обид Грција да добие повеќе време за спроведувањето на реформите според кои треба да се намалат трошоците потребни да добие меѓународна помош. Самарас денеска во Атина се сретна со премиерот на Луксембург Жан Клод Јункер, кој претседава и со еврозоната. Самарас во петок треба да се сретне и со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, а во сабота со францускиот претседател Франсоа Оланд во Париз. Самарас изјави дека на Грција и треба „простор за дишење“ за да се заживе економијата. Претходно Меркел изјави дека не треба да се очекува решение за судбината на Грција на нејзината средба со грчкиот премиер Андонис Самарас