Форбс- Ангела Меркел најмоќна жена во светот

Mагазинот Форбс втора година по ред ја рангира германската канцеларка Ангела Меркел на листата најмоќни жена во светот. На листата на која доминираат политичарки, бизнисменки и медиумски претставници, Меркел го доби првото место поради нејзината улога во обидот да се реши финансиската криза во Европската унија.
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон е втора, па следува претседателката на Бразил Дилма Русеф. Личностите се рангирани според влијанието, износот на парите што го контролираат или заработуваат и медиумското присуство.