Тројца јордански параолимпијци обвинети за сексуално насилство во Северна Ирска

Тројца членови на параолимпискиот тим на Јордан се обвинети во Северна Ирска за „сексуално насилство“ врз деца, за време на нивните специјални подготовки пред Параолимписките игри, што поцнуваат во Лондон на 29 август.

Фејсал Хамаш, кој е тренер, како и кревачите на тегови Омар Сами Каради и Мотаж ал Џунад, треба да се појават пред судот во Лондондери, бидејќи се обвинети дека за време на специјалните климатски подготовки во еден спортски центар во Антрим, извршиле сексуално насилство врз деца, присилувајќи ги малолетниците на сексуален однос.
Според обвинувањето од полицијата, која ги испитувала сите пријавени случаи, инцидентите се случиле во периодот меѓу 16 и 20 август, во делови од спортскиот центар.
Јорданската амбасада во Лондон соопшти дека понудила да плати кауција за ослободување од затвор на тројцата спортисти, и тие да се бранат од слобода. Претставник на судот во Лондондери откри дека за случајот лично се заинтересирал и јорданскиот крал Абдула.
Пред почетокот на Параолимпијадата повеќе странски тимови се наоѓаат во Северна Ирска, за да се подготват на британската клима и на временските услови пред почетокот на Игрите.