Меркел- Нема да има решение за Грција на средбата со Самарас

Не треба да се очекува решение за судбината на Грција на мојата средба со грчкиот премиер Андонис Самарас во петок, изјави германската канцеларка Ангела Меркел, пренесоа светските агенции.
Меркел, која е во посета на Молдавија, истакна дека прво се очекува извештајот на тројката меѓународни кредитори, по што ќе се донесе одлука за кризата.