Суспендирана докторката што не му помогна на пациент

Суспендирана е од работа докторката од здравствената установа Ѓорче Петров која беше на работа кога завчера пред поликлиниката почина пациент. Од Министерството за здравство соопштуваат дека изјавата на докторката дека согласно член 17 од Законот за здравствена заштита не смее да го напушти работното место во целост е неиздржана и не кореспондира со таа одредба. Во Законот за здравствена заштита никаде не е предвидено дека доктор не смее да ја напушти здравствената установа во која работи. Напротив, Законот за здравствена заштита јасно и недвосмислено укажува на тоа дека секој здравствен работник има обврска за пружање на лекарска помош, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.