Американска рок група „Kiss“ со поддршка до „Pussy Riot“

Членовите на легендарната американска рок група „Kiss“ денeска ја понудија својата поддршка за осудените члeнки на руската панк група „Pussy Riot“. Басистот на групата Џин Симонс зборувајќи за руската група рече дека тие не се добар бенд, но дека имаат права да се изразат себе си и дека е многу лошо што политиката на ваков начин се справува со музиката. Гитаристот и пејач на „Kiss“, Пол Стенли критикувајќи ја Русија рече дека една силна земја не треба да се плаши од слободата. „Kiss“ се уште една музичка група што им изрази јавна подршак на руските панкерки. Тие се осудени на двегодишна казна затвор за изведување на перформанс во московската катедрала, со кој го критикуваа претседателот Владимир Путин.