В петок разговори за иранската нуклеарна програма

Шефот на иранскиот преговарачки тим за нуклеарната програма Саед Џалили

Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека в петок во Виена ќе одржи разговори со ирански претставници во врска со нуклеарната програма на таа земја. До овие разговори доаѓа на неколку дена пред најавениот нов тримесечен извештај на Агенцијата за контроверзната иранска програма. МААЕ врши притисок врз Техеран да дозволи контрола на иранските постројки за кои постои сомневање дека се користат за развивање на нуклеарно оружје. Иран тоа постојано го демантира.