Русија, членка на Светската трговска организација

Протест во Москва против влезот на Русија во СТО

Русија и официјално по неколкугодишни преговори, стана членка на Светската трговска организација. Русија е 156та земја која и се приклучи на оваа организација која ги поставува правилата на глобалната трговија и спроведува трговски договори. И покрај руското членство, правилата на Светската трговска организација се уште нема да важат за трговските врски на Русија со САД, кои се регулирани со билатерален договор. Соединетите држави и натаму го применуваат таканаречниот „Џексон, Ваник“ аманадман од 1974 година со кој се предвидуваат трговски бариери како притисок врз Советскиот Сојуз за кршење на човековите права.