Советот за безбедност расправаше за Косово

Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк расправаше за извештајот за состојбата на Косово, при што дојде до соочување на премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи. Српскиот премиер при своето обраќање во Њујорк повика на дијалог на високо ниво меѓу Белград и Приштина, нешто што Тачи го одби уште пред да допатува во САД. Тачи не гледа простор за специјални преговори со Србија на кои би се разговарало за статусот на Косово и за косовското внатрешно уредување, и се изјасни дека статусот на Косово веќе е решен како независна држава.