Генерал Фолкер Халбауер нов командант на КФОР

Војници на КФОР.

Германскиот генерал Фолкер Халбауер ќе биде новиот командант на мировната мисија на НАТО во Косово, соопштија армиски извори во Берлин.
Халбауер (56) ќе го замени својот сонародник генерал Ерхард Древс на редовната смена, која е планирана за 7 септември.
Силите на КФОР се распоредени во 1999 година.