Советот на Европа загрижен за политичките случувања во Грузија

Лидерот на Колаицијата „Сон“, Биџина Иванишвили.

Известувачите од Парламентарното собрание на Советот на Европа изразија загриженост за тоа што грузиските власти им ги одзеле банкарски сметки на опозициските партии дел од коалицијата „Сон“. Известувачите за Грузија и за Латвија се загрижени за потегот на властите и според нив со тоа се поткопува учеството на опозицијата на изборите закажани за 1 октомври. Грузиската опозиција обвини дека владата ги замрзнала сметките на шест партии. На тие сметки тие добиваа донации за изборната кампања. Делегација на ПССЕ ќе ја посети Грузија за 11-12 септември, како дел од предизборната мисија.