Ставрески- владата нема да ги зголеми даноците

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Владате нема да ги зголеми даноците и засега смета дека ќе нема потреба од нов ребаланс на Буџетот, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Тој вели дека во кризата што постои во Европа и има длабоки последици и врз македонската економија најважно е Буџетот да ја помогне ликвидноста на стопанството. Според него, Владата ќе направи се што може за поддршка на реалниот сектор, а Буџетот е позициониран со сите средства што се на располагање на државата да се помогне да се одржи ликвидноста на економијата, за последиците врз реалниот сектор да бидат помали.