Агенцијата за храна на ОН загрижена за ширење на свинската чума

Агенцијата за храна при Обединетите Нации предупреди дека африканската свинска треска која се појави во Украина може да се рашири и во други земји вклучувајќи ги и Молдавија, Казахстан и Латвија. Во нивното сооштение е наведено дека иако украинските власти преземале мерки за контрола и спречување на ширењето на заразната болест, сепак постои ризик таа да се прошири и во соседните земји. Свинската чума не влијае врз луѓето, но може да оштети свињарството во соседните земји.