Газпром ќе гради 426-метарски облакодер во Санкт Петерсбург

Санкт Петерсбург

Рускиот енергетски гигант Газпром соопшти дека ќе започне да гради 426-метарски облакодер во Санкт Петерсбург, кој ќе биде ново седиште на компанијата. Овој контроверзен проект неколку години беше оспоруван поради загриженоста дека ќе го наруши изгледот на овој историски град на реката Нева. Газпром ја смени првично предвидената локација за да добие одобрение за градба. Изградбата на облакодерот ќе започне до крајот на годинава, а е предвидено да заврши во 2018-та.