Експлозија во Турција- 8 загинати

Најмалку 8 луѓе загинале, а 60 се ранети во експлозијата кај полициската станица во градот Газиантеп во југоисточна Турција, во близина на границата со Сирија. Засега никој не ја презел одговорноста за нападот кој според полицијата бил изведен со далечински управувана автомобил-бомба. Меѓу жртвите има и припадници на полицијата.
Претходно вчера двајца турски војници беа убиени во експлозија на мина во провинцијата Хакари во близина на границите со Иран и Ирак. Турски официјални лица ја обвинија за нападот Курдската работничка партија, чии припадници се активни во тој дел на Турција.