Акциите на Фејсбук и понатаму паѓаат

Вредноста на проблематичните акции на Фејсбук и понатаму паѓа. Денеска нивната вредност падна на половина од првичната вредност во мај, кога беа изнесени на берзата. Акциите на Фејсбук дополнително паднаа за 7 центи на 18, 98 долари на Берзата во Њујорк, а едно време нивната вредност достигна и 18, 75 долари, што е досега најниската вредност.
Акциите досега не ја надминаа првичната максимална вредност од 38 долари.