Спасени туристите кои беа блокирани во кањон во Турција

Илустрација.

Неколкумината турски туристи, меѓу кои и две жени, кои беа блокирани во кањонот Вала во северниот дел на Турција, се спасени.
Спасувачките екипи успеале да стигнат до групата блокирана во кањонот во реонот на селото Муратбаш во округот Кастамону. Еден од шестчлената група починал.
Планинарите, кои се изгубиле при преминување на кањонот, се јавиле на телефонот за итни случаи и соопштиле дека еден човек од групата починал. Веднаш потоа била формирана Кризна група во Кастамону и биле пронајдени туристите. Но поради поројните дождови и слабата видливост, хеликоптерите не успеале да стасаат до групата во текот на минатата ноќ. Со хеликоптер им била доставена храна и прва помош.
Пред две години 12 планинари се изгубија во кањонот Вала и беа спасени 22 часа подоцна