Јужна Кореја- ќерката на поранешниот лидер, кандидат за претседател

Актуелниот претседател Ли Мјунг Бак

Владејачката конзервативна партија на Јужна Кореја денeска гласаше нејзин претседателски кандидат да биде ќерката на поранешниот авторитарен лидер, Парк Чунг Хе. Парк Геун Хи која има 60 години е главен фаворит и се очекува да победи на изборите на 19 декември. Ако ја изгласаат таа ќе биде првата жена лидер на Јужна Кореја. Нејзиниот татко, Парк Чунг Хе, дојде на власт со државен удар во 1961 година и беше убиен од страна на шефот на разунавачката служба во 1979 година. Тој е заслужен за економскиот просперитет на Јужна Кореја, но го осудуваат за неговото диктаторско владеење. Мандатот на актуелниот претседател Ли Мјунг Бак завршува на почетокот на следната година. Претседателските мандати во Јужна Кореја се ограничени на еден петгодишен мандат.