Бомбашки напади во Авганистан

Пача Кан Задран

Во експлозии на бомби во Авганистан загинале роднини на поранешниот гувернер на областа Пактиа. Во експлозија на автомобил бомба во Пактиа загинал братот на поранешниот гувернер и пратеник Пача Кан Задран. А неговиот внук и вујко загинале во експлозија во градот Гардез. Зардан рече дека верува оти Талибанците го следеле неговото семејство и дека нападите биле насочени кон нив. Во текот на изминатите две години Талибанците се обиделе трипати да го убијат Зардан. Тој му беше соработник на претседателот Хамид Карзаи и е познат по противењето на исламскиот екстремизам.