Украинската опозиција ќе поднесе тужба против Јанукович

Опозицијата во Украина официјално ќе поднесе тужба против „злосторствата извршени од страна на претседателот Виктор Јанукович против народот на Украина“, изјави Олександр Турчунов од обединетата опозиција.
Тој изјави дека досега собрале повеќе од 309 илјади потписи за поддршка на нивната иницијатива да се покрене тужба против претседателот.
Лидерот на партијата „Фронт за промени“ Арсениј Јатсеников изјави дека „опозиција ќе поднесе тужба до украинскиот Врховен суд.“ Опозицијата бара, Јанукович да одговара за „нелегалното потпишувањето на законите за пензиите, за даноците и контроверзниот закон за употреба на јазиците, како и за наметнување притисок на судиите во Уставниот суд. " Засега нема коментар од кабинетот на претседателот на ваквата иницијатива.