Тројца повредени навивачи во каменување воз, по натпреварот Вардар-Напредок

Синоќа група од 30 до 40 насилници почнала да фрла со камења по возот во кој се превезувале навивачите на Вардар кои се враќаа од вчерашниот натпревар против Напредок во Кичево, при што три лица се повредени а вагонот е демолиран. Според информациите што ги пренесоа повеќе медиуми, групата го пресретнала возот кај Железничката станица во Скопје Север и почнала со камења да фрла по него.
Иако не успеале да влезат во возот, од камењата биле повредени тројца навивачи на Вардар синоќа се однесени во болница.Местото каде што бил пресретнат и нападнат возот и навивачите на Вардар бил подолго време под силно полициско обезбедување.