Протести во Белгија против педофилија

Околу 2.000 демонстранти во Белгија протестираа поради можното ослободување од затвор на една жена која му помагала на својот маж да злоупотребува и да убива млади девојки. На температури повисоки од 35 степени демонстрантите го искажаа своето незадоволство и побараа Мишел Мартин, поранешната сопруга на силувачот на малолетнички Марк Дутрокс да остане во затвор. Постои можност таа да биде пуштена на условно. Мартин беше осудена на 30 години затвор затоа што му помагала на сопругот да киднапира, силува и убие неколку млади девојки во текот на деведесетите години на минатиот век. Таа помина 16 години во затовр и може да биде ослободена за неколку недели.