За иранските власти Израел е „тумор“

Ајатолахот Али Хамнеи

Врховниот лидер на Иран ги повтори критиките за Израел. Во говорот по повод празникот Рамазан Бајрам, ајатолахот Али Хамнеи рече дека Израел е „канцероген тумор“ и најголем проблем со кој денеска се соочуваат муслиманските земји. Хамнеи и иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад често за Израел го употребуваат терминот „тумор“, сакајќи да укажат дека Израел е нелегитимна држава. Минатата среда, Хамнеи рече дека Израел е „лажен и фалсификуван канцероген израсток“ и дека еден ден ќе престане да постои. И Ахмадинеџад во петокот го повтори истото. Ваквата реторика на иранските власти наиде на осуда од ОН, САД и ЕУ. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изјави дека е „запрепастен од навредливите извештаи“ на иранските власти.