Поскапувањето на струјата, работењето на ЕЛЕМ, интервјуа со претседатели на Стопанските комори. Неделниците и дадоа примат на економијата.
Дека не' чека зима со свеќи и студени домови може да се забележи и од засиленото третирање на економските теми и по нашите неделни списанија.
Глобус - Стигна сметката од зимската трик-економија
„Стигна сметката од зимската трик-економија“, пишува он-лајн магазинот Глобус, анализирајќи го најновото поскапување на струјата, а забележувајќи дека „групировката“, како што вели, „која се занимава со увоз на струја чорбата ни ја спржи уште зимоска“. Па потсетува дека во студениот и снежен јануари најпрвин беше дозволен извоз на струја произведен од најновиот и посериозен произведувач на енергија ТЕ-ТО, на чии киловати се израдувавме, и тоа кога европските влади во добар дел забранија струјата да се извезува. Потоа Владата го забрани извозот, колку да видиме дека власта ја има таа моќ и врз приватните компании, но практично, во еден тајм-аут останавме без доволно струја и таа интервентно мораше да се увезува по цени од кои се вртеше во главата. Групировката увозници на струја чие фантомско богатење одамна е под лупа на јавноста уште еднаш „си го товари магарето“, а ние останавме „грбави“, пишува Глобус, а дека тие профитери се апсолутно дел од оваа власт покажаа реакциите на одлуките на Регулаторната комисија, која всушност е партиско тело што ја води Димитар Петров, поранешен шеф на ВМРО-ДПМНЕ во Кратово: двапати големо зголемување на цената на киловатот струја и укинување на дневната евтина тарифа.
Фокус - Струјата поскапува до небо, а ЕЛЕМ се луксузира
Фокус се занимава со работењето на ЕЛЕМ и на директорот Чинговски. „Струјата поскапува до небо, а ЕЛЕМ плаќа хотелско сместување во луксузен хотел во Скопје за 600 ноќи за вработените од своите подружници кои ќе посетуваат обука“, обелоденува неделникот. А во тој хотел, свеќи се употребуваат само за создавање романтична атмосфера во луксузните бањи, додека дел од граѓаните зимава ќе почнат да користат свеќи за други намени, пишува Фокус.
Капитал - Владата треба да се оддалечи од популистичката политика, вели Кучи
Неделниот Капитал објавува интервју со Мендерес Кучи, претседател на Комората на Северозападна Македонија, кој порачува: „Владата треба да се оддалечи од популистичката политика и наместо објекти од културата да инвестира во патишта, железница, гасификација и други инфраструктурни објекти со кои ќе се оправи економијата.
Граѓански - Македонските компании дишат на жабри, вели Азески
Граѓански, пак, објавува интервју со Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, кој вели: „Македонските компании дишат на жабри“. За падот на економските активности клучен ограничувачки фактор е хроничниот проблем со неликвидноста и високиот степен на внатрешна задолженост, смета, покрај другото, Азески во интервјуто за Граѓански.
Глобус - Стигна сметката од зимската трик-економија
Струјата поскапува до небо, а ЕЛЕМ плаќа хотелско сместување во луксузен хотел во Скопје за 600 ноќи за вработените од своите подружници кои ќе посетуваат обука. А во тој хотел, свеќи се употребуваат само за создавање романтична атмосфера во луксузните бањи, додека дел од граѓаните зимава ќе почнат да користат свеќи за други намени.Фокус.