Ингушетија - шест полицајци загинале за време на погреб

Во руската република Ингушетија загинале шест полицајци во самоубиствен бомбашки напад. Тие присуствувале на погребот на еден нивен колега. Полицајците отишле во домот на починатиот колега да одадат почит на семејството и во тој момент бомбашот самоубиец извршил напад. Во експлозијата биле повредени неколку луѓе. Нивниот колега загинал вчера во престрелка.