Експлозии во Триполи, најмалку две жртви

Во двe експлозии во близина на зградата на безбедносните сили во Триполи загинале двајца луѓе, а неколкумина се повредени, соопштија тамошните воени власти. Едната бомба експлодирала во близина на Министерството за внатрешни работи, а втората во близина на полициската академија за жени. Насилството останува проблем во Либија и по соборувањето на Моамер Гадафи минатата година. Последниот инцидент се случи откако новиот либиски Парламент ја презеде власта овој месец по јунските избори, кои беа првите слободни избори во последните децении.