Парада по повод 20 години на АРМ

Со парада на која ќе учествуваат ешалони од сите единици на Армијата на Република Македонија утре во касарната „Илинден“ ќе биде одбележан 20 годишниот јубилеј на АРМ. На централната свеченост ќе бидат презентирани борбените средства, техниката и воздухопловите во формацискиот состав на АРМ, а ќе учествува и ешалон од Вооружените сили на САД.