Откажан состанокот на меѓународната група за Сирија

Виталиј Чуркин

Русија го откажа денешниот состанок на меѓународната група за Сирија откако западните земји објавија дека нема да учествуваат на таа средба што ја закажа рускиот амбасадор во Обединетите нации Виталиј Чуркин. Претходно портпаролот на Стејт департментот Викторија Нуланд изјави дека Вашингтон не гледа зошто таков состанок би бил одржан. На состанокот, според рускиот предлог, требаше да биде усвоена изјава за поставување датум на прекин на огнот во Сирија. Русија и Кина ставија вето на три резолуции на Советот за безбедност против режимот на претседателот Башар ал Асад.