Ахмадинеџат со нови навреди до Израел

Махмуд Ахмадинеџат, Техеран, 17.08.2012

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат денеска повторно вербално го нападна Израел, изјавувајки дека егистенцијата на еврејската држава е навреда за целото човештво. Ахмадинеџат, говорејки на про-палестинскиот собир, кој се одржува секоја година во петокот пред Рамазан, го обвини Западот дека го штити Израел како алатка за контролирање на Блискиот Исток и на целиот свет.