Македонците најбројни за азил во Швајцарија

архива

Македонските државјани во минатиот месец биле меѓу најбројните баратели на азил во Швајцарија, соопшти швајцарското Федерално биро за миграции.
Според статистичките податоци, 210 македонски државјани побарале азил, со што тие се нашле на третата позиција веднаш зад државјаните на Еритреја, 445 барања и Нигерија, 287 барања. Бројот на барателите на азил од Македонија за само еден месец се зголемил за 82 отсто. Во јули биле протерани над 700 лица на кои не им бил даден азил. Во текот на првите седум месеци од годинава, Бирото разгледало над 14 илјади и 800 барања, односно 42 процента повеќе во споредба со истиот период лани.