Над 30 убиени во Јужна Африка

Повеќе од 30 луѓе биле убиени, а десетици други ранети во еден рудник за платина во Јужна Африка при полициската акција за прекинување на штрајкот на тамошните рудари. Стотици рудари, како што јавуваат агенциите, два дена кампирале во близина на рудникот со барање за зголемување на платите. Тие имале мачети, ножеви и пиштоли и откако ги отфрлиле претходните наредби да заминат почнале да пукаат врз полицајците кои потоа возвратиле на огнот.