ОН во обид за нова стратегија за Сирија

Сирија

Обединетите нации донесоа вчера одлука да ја завршат набљудувачката мисија во Сирија. Петте постојани членки на Советот за Безбедност,неколкуте клучни арапскли држави и Турција денеска ќе оддржат состанок на кој ќе разговараат кои се следните чекори што ќе ги преземат.Вчера заменик – шефот на мировните мисиии Едмонд Мулет изјави дека сириската влада и бунтовниците сами го избрале „патот на војната.“ Одлуката на ОН доаѓа две недели откако поранешниот генерален секретар Кофи Анан се откажа од медијаторската улога по неуспехот од 4 месечното примирје.